Членови на Европскиот парламент дадоа поддршка за Македонија!
Објавено на 11 декември, 2012 во 11:32
Австрискиот европратеник Јоханес Свобода, кој претседава со групата на Европските социјалисти и демократи во ЕП, Жозеп Дол, претседателот на групата на народните партии во ЕП и Ребека Хармс, копретседателката на групата на Зелените во ЕП сметаат дека Советот на ЕУ треба да одреди датум за почеток на пристапните преговори со Македонија. Тие се претседатели на трите најбројни пратенички групи во Европскиот парламент, јавува Дојче веле.
Според нив, повторното одложување на одлуката поради противењето на Грција, носи ризици за Македонија, но и за регионот.