Боксови летаа во украинскиот парламент
Објавено на 13 декември, 2012 во 14:11
Тепачка изби меѓу пратениците на власта и опозицијата во украинскиот парламент бидејќи се скараа за избор на парламентарни службеници.
Откако опозициските пратеници физички се обиделе да го спречат гласањето за избор на председател на парламентот започнала физичката пресметка. Номинираниот за премиер, Микола Азаров зачудено гледаше како пратениците се тепаат околу говорницата, а по ова заседанието беше прекинато.
Инаку во Опозицијата се верните следбеници на поранешната премиерка Јулија Тимошенко, националисти од десничаркската партија Слобода, како и либералната партија под водство на боксерскиот првак Виталиј Кличко. Тие ја обвинуваат владејачката коалиција дека ги турка своите предлози и ја крши парламетарната процедура.