Заев се сретна со Лалакос!
Објавено на 11 јуни, 2013 во 14:44
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во рамки на редовните контакти со претставници на странски држави во Република Македонија, денеска оствари средба со шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција, амбасадорот Харис Лалакос.
На средбата, информира СДСМ, биле разменети мислења за повеќе теми поврзани со актуелните состојби во регионот и во Македонија.
Заев го запознал амбасадорот Лалакос за политичката платформа на новото раководство на СДСМ и плановите за политичко делување на партијата во иднина.