Ад хок комисијата денеска продолжува со работа!

Објавено на 17 јуни, 2013 во 08:29

Ад хок комисијата за расветлување на случувањата во Собранието од 24-ти декември денеска ја продолжува работата.

Ќе почнат да се разгледуваат сите материјали како стенограмите кои тој ден ги забележале собраниските служби.

Потоа ќе следи разгледување и на снимките од собраниските безбедносни камери како и на аматерските видеа направени од мобилните телефони на пратениците.

На комисијата до крајот на неделата се очекува свое видување да и достават и партиите ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за потоа да се повикаат сведоци кои ќе сведочат за случувањата. Ќе бидат повикани и новинарите, вчера изјави претседателот на комисијата, професор Борче Давитковски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.