Заев на средба со НАТО
Делегацијата на СДСМ, предводена од лидерот на партијата Зоран Заев, денес се сретна со претставници од НАТО. Заев разговараше со помошникот на генералниот секретар на Алијансата за политички прашања и безбедносна политика, Дирк Бренгелман.
Бренгелман се интересирал за состојбите на судството, демократијата и слободата на медиумите во државава. Заев го информирал помошникот на генералниот секретар за формирање на Комисијата за настаните од 24 декември, како и неговите очекувања за резултатите.
Се дискутирал и спорот за името, како и потенцијални процеси на решение.
„Заев забележа дека владата воопшто не ја информира опозицијата што се случува во процесот, ниту пак за стратегијата на државниот врв околу спорот, и изрази надеж дека во иднина ваквото однесување на власта ќе се промени“ стои во соопштението на СДСМ.
Л.С.