Средбата на ДУИ заврши без конкретен договор, продолжува и утре
Средбата на врвот на ДУИ вечерва заврши без конкретен внатрепартиски договор. Како што најави портпаролот Бујар Османи, состаноците во ДУИ ќе продолжат утре. Кога евентуално ќе има финални предлози ќе биде свикана средба на претседателството на партијата.
„ Состојбата е малку поделикатна за одлучување. Знаеме дека и роковите се кратки, затоа и овие консултации се интензивни, но моментално немаме одлука, па ќе продолжиме и во текот на утрешниот ден. Разговараме со сите политички партии, прашање на одлука во ДУИ е која опција ќе ја избереме. Во ДУИ правиме анализи за и против за аргументите за секоја опција, сè уште немаме одлука, претседателот прави анализи со членовите на партијата во сите нивоа и со луѓе кои не се од ДУИ, но моментално немаме одлука.“ – изјави Бујар Османи, Портпарол на ДУИ.
Извор: Алсат М