Собранието го информирало Иванов дека Груевски не состави Влада

Објавено на 31 јануари, 2017 во 11:21

Собраниските служби го известиле претседателот Ѓорге Иванов дека до истекот на рокот, ноќеска на полноќ, мандатарот Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, не поднел ни предлог за состав за нова Влада, ни програма.

„Одговорено му е на претседателот Иванов“, изјавиле за порталот Сакам да кажам.мк од собраниската служба.

По добивање официјално известување од Собранието, дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада, Иванов ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии, брифираа претходно за државната агенција МИА од кабинетот на претседателот.

„Со оглед на истекот на утврдениот рок во членот 90 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија е должно да го извести Претседателот на Република Македонија, дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада“, наведоа од кабинетот на претседателот.

Извор: Плусинфо

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.