ВМРО ДПМНЕ ќе ја продолжи соработката со амбасадорите на пријателите на Македонија
ВМРО-ДПМНЕ информира дека не е против амбасадорите, туку принципиелно реагира кога некои амбасадори ќе ги пречекорат своите овластувања и делуваат како замена за пратениците и владата избрана од граѓаните.
„Дежурните самопрогласени интелектуалци и платеници на СОРОС не треба да стравуваат. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи комуникацијата и соработката со амбасадорите на државите пријатели на Република Македонија бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е гласот на 455.000 граѓани. Изразувањето на негодување и различно мислење постои и во државите од каде потекнуваат амбасадорите.
Нашата цел останува членството во ЕУ, НАТО и почитување на Делкарацијата за стратешко партнерство со САД во 2008-та година.
ВМРО-ДПМНЕ е избрана од народот да се грижи, пред сè, за неговите интереси и да ја почитува неговата волја“, соопшти партијата.