Триесет и девет поранешни пратеници бараат апанажа

Објавено на 8 февруари, 2017 во 09:34

Завршувањето на конститутивната собраниска седница и формирањето на работните тела со нетрпение го очекуваат 39 поранешни пратеници.

Тие поднесоа барање за апанажа што треба да биде одобрена од новата Комисија за избори и именувања. Во согласност со Законот за плати и други надоместоци, за оние што биле пратеници до 6 месеци, следува надомест само 3 месеци, за функција до 12 месеци – 6 месеци апанажа, до 24 месеци – 9 месеци, а оние што биле пратеници над 2 години, ќе земаат пратеничка плата уште 1 година. Таа изнесува нешто повеќе од 80 илјади денари, ако се помножи просечната плата во земјата со пратеничкиот коефициентот 3,70. Од вкупно 123 пратеници од минатиот состав, 58 повторно се избрани за пратеници, а 24-ца се вратиле на претходните работни места, објави Телма.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.