Заев: Носам 67 потписи, очекувам мирен трансфер на власта
Лидерот на СДСМ Зоран Заев ги предаде 67-те потписи кои беа услов за добивање мандат за формирање влада на претседателот Ѓорге Иванов во претседателската вила на Водно.
„Очекувам претседателот Иванов да го врачи мандатот во најбрзо можно време за да може да почнеме преговори за создавање и формирање на нова влада за граѓаните на Македонија“изјави Заев.
„Ова е голем историски ден за РМ. Во рака држам 67 потписи на пратеници во Собранието. Истовремено овие потписи овозможуваат завршување на кризата во РМ и конечно земјата да се придвижи напред, во функција на враќање на животот во Македонија. Денеска очекувам господинот Иванов да го врачи мандатот во најбрзо можно време за да започнеме преговори за создавање, формирање нова влада. Истовремено ја користам оваа прилика да испратам порака до сите граѓани и до институциите на државата дека следува мирен и брз трансфер на власта во РМ.“, изјави Заев пред состанокот со претседателот Иванов.
Извор:А1.он