Прес на Села денеска во 13 часот
Објавено на 22 мај, 2017 во 09:07
Од партиските простории во Тетово во 13 часот, првиот човек на Алијансата на Албанците, Зијадин Села за првпат ќе се појави пред јавноста на прес-конференција откако беше претепан на 27 април за време на насилното влегување во Собранието на демонстранти.
Зијадин Села беше крвнички претепан на крвавиот четврток кога беа нападнати пратениците од парламентарното мнозинство и дел од новинарите. Тој беше влечен низ собраниските ходници, а заврши со повреди на мозокот и скршеници.
Идентификуваните насилници добија 30-дневен притвор и се обвинети за обид за убиство.