Македонскиот парламент ќе расправа за новата Влада
Објавено на 30 мај, 2017 во 07:57
Македонскиот парламент денеска ќе ја почне расправата за составот и програмата на новата влада чиј мандатар е претседателот на СДСМ Зоран Заев.
За изборот на новата влада пратениците треба да гласаат најдоцна до среда на полноќ, а за неа треба да се изјаснат најмалку 61 пратеник во 120-членото Собрание.
Партиите од новата владина коалиција СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците во Парламентот имаат поддршка од 62 пратеници.