До полноќ нова Влада
Објавено на 31 мај, 2017 во 08:39
Парламентот денеска во 12 часот ќе ја продолжи вчера започнатата расправа за новата влада предложена од мандатарот, претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Прв говорник ќе биде Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ.
Реформска влада со главен фокус на економските прашања најави мандатарот Заев вчера во своето експозе пред пратениците. Покрај економијата, тој рече дека членството во НАТО и во ЕУ остануваат врвен приоритет на новата влада.
Со гласно собранискиот Деловник, до вечерва на полноќ треба да се гласа за владата,а за нејзин избор треба да се изјаснат најмалку 61 пратеник. Партиите од владината коалиција СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците во Собранието имаат поддршка од 62 пратеници.