Кој што поседува од новите министри?
Истекува рокот во кој министрите од новата Влада треба да ги поднесат анкетните листови за имотот што го поседуваат. Голем дел од нив тоа се уште не го сториле, иако имаат рок од 30 дена од стапување на функција, а со оглед дека беа назначени на први јуни, на располагање имаат уште еден ден.
За дел од министрите, и претходно ги имаше анкетните листови, бидејќи беа избрани пратеници или пак беа во техничката влада, па со тоа нивните податоци беа објавени. Сега само ја имаат внесено новата функција и промените на имотната состојба што во меѓувреме е направена. Но, поголем дел од министрите се уште не ги доставиле податоците за својата имотна состојба.
Премиерот Зоран Заев пријавил дека не поседува ниту куќа, ниту возило, а на негово лично име пријавил само Побарувања по основ на даден заем од 2012 година во вредност од 4.300.000 денари. Инаку, пријавил куќа од 400 метри квадратни во Струмица во вредност од 18.500.000 денари, земјоделско земјиште на нивно име во Муртино во вредност од 2,460.000 денари деловен простор од 60 м2 во Струмица вреден 3.690.000 ден., Стан од 65 м2 во Струмица во вредност од 1.845.000 денари акции на нивно име. Неговата сопруга има орочен девизен депозит од 445.445 денари и орочен депозит на децата од 1.648.269 денари во Шпаркасе банка.
Министерот за економија Крешник Бектеши поседува имот вреден 2 милиони евра. Кичево, Приштина, но и во Каваја во Албанија и како и Базел во Швајцарија се местата каде семејството на Бектеши поседува недвижен имот. Освен куќи и станови, семејството на министерот за економија поседува и земјоделско земјиште, градежен простор, како и деловен простор. Бектеши на негово лично име им и три автомобили Мерцедес Бенз 2012, Хјундаи туксон 2015 и Голф 4.
Близу 440 илајди евра вреди имотот на министерката без ресор, Зорица Апостолска. Апостолска во Владата доаѓа како кадар на НСДП.
Поседува куќа и стан во Скопје, но и куќи во Ресен и Ростуше. Во нејзиниот анкетен лист е наведено дека има два автомбили форд фокус и поло фолксваген. Има штедни влогови на нејзино име, на име на сопругот и децата. А месечно, по 200 евра добива и од кирија за станот што го издава.
Министерот без ресор, Едмонд Адеми, има имот од околу 30 илјади евра. Нема куќа, ниту стан. Но, наведува дека има преддоговор за купување на недвижен имот од 28 илјади евра, но не е наведено каква недвижност се купува. Адеми поседува автомбил Рено Меган од 3.000 евра, и штедна книшка од 25.500 евра.
Имотот на вицепремиерот Бујар Османи вреди 190 илјади евра, но Османи има и кредити од околу 90 илјади евра. Пријавил дека има куќа и два автомбили, Ауди А6 и Опел Корса. Неговата сопруга прима плата од 25 илјади денари, а пензијата на еден од неговите родители изнесува 17 илјади денари.
Васе Доневски, генерален секретар на Владата има имот од околу 90 илајди евра. Поседува куќа, стан, гаража и плац во Скопје. Од автомобил има Даеву Матиз. А дел од имотот се акции и пари на штедни книшки.
Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, има имот вреден 210 илјади евра, а на почетокот на годинава си купил нов автомобил Рено Клио. Во анктениот лист, на име на неговото семесјтво пријавил куќа, земјоделско земјиште, двор и пасиште во Крива Паланка, додека на негово име има кредит од 10 илјади евра.
Возило пријавил на име на неговиот брат, Фиат Стило, вредно 180 илјади денари.
Дамјан Манчевски, кој е министер за информатичко општество и администрација, поседува имот од околу 25 илјади евра, но има и кредит од 14.000 евра. Мначевски не поседува ниту куќа ниту стан, но поседува градежно земјиште. Вози Сеат Алтеа од 2010 година и има пари на штедните книшки на сопругата и децата.
На страната на Државната комисија за спречување на корупцијата е објавен анкетниот лист на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска- Јанковска. Во делот на недвижен имот, нема промени споредено со анкетниот лист, кој беше објавен пред неколку месеци кој Шекеринска го достави по последните избори како пратеник. Според новиот анкетен лист, таа информирала дека на свое име поседува стан во Скопје од 50 метри квадратни, вреден 2,7 милиони денари, стекнат со купопродажба. На име на сопругот пријавила три стана, два во Скопје, еден во Охрид. Едниот во Скопје е во вредност од 13, 2 милиони денари, со квадратура од 163 метри квадратни, а другиот со квадратура од 61 метри квадратни, но нема податок колку вреди. Нема податок колку вреди станот во Охрид од 57 квадрати.
Шекеринска-Јанковска поседува и уметничка колекција, но нема податок колку вреди таа. Од издавање на стан месечно заработува 12 илјади денари, а пријавила и побарување по основ на даден заем од 610 илјади денари. Доколку се споредат двата анкетни листови се забележуваат одредени разлики во висината на сумите кои ги чува во банка или во делот на задолжувањата.
На веб страната на Државната комисија за спречување корупција е објавен анкетниот лист на министерот за правда, Билен Салију. Неговиот анкетен лист како министер е различен во делот на неговите задолжувања со тој што го има доставено од порано како директор на Државен инспекторат за шумарство и ловство. На свое име не поседува недвижен имот.
На име на родителите пријавил куќа во Добри Дол, Гостивар, добиена од наследство, но не ја навел нејзината вредност. Како личен имот пријавил возило Фолсфаген Венто, вредно 200 илјади евра. Салију во претходниот анкетен лист како директор имаше пријавено кредит од 600 илјади (го зел во 2009 година, со период на отплата од шест години) и од 245 илјади денари (го зел во 2006 година, нема податоци за колкав период на отплата и дали се раздолжил). Во новиот анкетен лист како министер има повторно пријавено два кредита, од 1,2 милиони денари, го зел лани, а ќе го отплаќа до 2026 година и од 300 илјади денари, кој го зел во 2009 година, а нема податок дали го отплатил.
Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како пратеник пријавил дека добил куќа на подарок од 309 метри квадратни во Куманово, вредна 7,3 милиони денари. Пријавил и куќа на име на родителите во Старо Нагоричани, вредна 1,2 милиони денари со квадратура од 60 метри квадратни, исто така стекната со договор за подарок. На име родителите пријавил неколку парцели земјиште и шума во Старо Нагоричане и Куманово. И овој недвижен имот е стекнат со договор за подарок. Вози Пежо 307, вредно 300 илјади денари. На име на родителите пријавил Шкода Фабија, вредна 240 илјади денари. На свое име пријавил и уметничка колекција, вредна 260 илјади денари. Има пари на неколку сметки, но и кредит од 600 илјади денари.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески пријавил дека поседува куќа во Прилеп од 67 м2 во вредност од три милиони денари, стан во Скопје од 45 м2 вреден 2.580.000 денари, градежно земјиште во Прилем од 553 м2 стекнато со наследство, како и три земјишта под објект од 111 м2, 17 м2 и 19 м2, стекнари како наследство без наведена вредност и моторно возило Сеат Кордоба вредно 810.000 денари.
До Државната комисија за спречување корупција новата министерка за образование, Рената Дескоска, како пратеник, пријавила дека на свое име не поседува куќа или стан, а ни нејзиниот брачен партнер, или некој друг од семјството. На свое име таа има пријавено хонорари и сметки во банки, но не дала податок за какви суми станува збор. На име на брачниот партнер пријавила возило Ланос, вредно 400 илјади денари, како заедничко возило, Мазда вредна 400 илјади денари, а како заеднички имот пријавила и накит вреден 600 илјади денари.
Зоран Шапуриќ има пријавено имот како советник и член на Совет на Град Скопје, а не како министер без ресор. Сепак, неговиот анкетен лист е полн со поседување акции, три стана во Скопје, негов автомобил Хјундаи, возило на сопругата Сеат Ибица. Тој има приход и од авторски хонорар, повеќе трансакциски сметки, девизни заштеди орочени девизни заштеди во евра, швајцарски франци, долари…
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, вицепремиерот задолжен за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика, министерката за труд и социјална политика, министерот за надворешни работи НИкола Димитров, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за здравство Арбен Таравари, министерот за локална самооуправа Сухел Фазлиу, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, министерот за животна средина Садула Дураку, министерите без ресор Роберт Поповски, Самка Ибраимовски, Рамиз Мерко, Аднан Ќахил, немаат поднесено Анкетни листови.