Пописот ќе се одржи, без разлика на бројките на заразени

Објавено на 23 август, 2021 во 13:35

Пописот  ќе се одржи, без разлика на се што ќе се случува во однос на епидемиолошката состојба во државава со корона вирусот, кажа премиерот Зоран Заев.

„Сигурен сум и никако поинаку не треба да размислуваме. Јас молев да биде крајот на мај, почеток на јуни. Опозицијата побара одложување на пописот. Еве го септември. Бројките се над 1.000. Како наближува почетокот на пописот се пополнува бројот на попишувачи. Апелирам до граѓаните да се пријават. Помеѓу 25.000 и 40.000 денари се приходите за анкетарите кои ќе ја спроведуваат статистичката операција“, рече Заев.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.