Поповски: Невреме доаѓа во Македонија, температурите повторно ќе се намалуваат!

Под влијание на фронтална долина со намален воздушен притисок, но и со поладен воздух на висина, утре, среда, и особено за викендот во Македонија на многу места ќе се развиваат конвективни грмотевични облаци од кои очекувам честа појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, гласи прогнозата на Славчо Поповски.
„Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пообилен краткотраен и пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
И во Скопскиот регион ќе има појава на повремен локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме во делови од котлината, особено за време на викендот.
Што се однесува до температурите, нивно повторно опаѓање очекувам за време на викендот,“ додава метеопрогнозерот Поповски
Дума.мк
