Поповски: Следи силно невреме!

Територијата на Македонија, денес, среда, 21 мај, ќе биде зафатена од поголем фронтален влажен бран од југозапад којшто ќе предизвика поголема дестабилизација на атмосферата, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
„На многу места во Македонија ќе има развој на грмотевични конвективни облаци. појава на пороен дожд, гремежи и силен ветер во зоната на нестабилност кој ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Локално пак, процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион исто така ќе има појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.
Температурите остануваат без поголеми промени.
Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења да се избегнува претстој на отворен простор или под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
На следниот линк можете да ја следите алатката НОТАС, за рано предупредување од невреме која е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/ ,“ додава Поповски.
