Поповски: Следната седмица натпросечно количество на врнежи, би можеле да се соочиме со значително количество на дожд и снег!
Најновите излези на нумеричките модели за следната седмица укажуваат на тоа дека во југоисточна Европа, вклучувајчи ја и Македонија се очекуваат натпросечни врнежи за наредната седмица. Тоа значи дека следната седмица Балканот и Македонија би можеле да се соочат со значително количество на дожд и на снег, објави Метеоаларм.
-Промената на времето ќе започне уште од понеделник наутро кога ќе се прошируваат врнежи од дожд а на планините од снег. Снежната граница би можела да се спушти до околу, а понекаде и под 1000 метри надморска височина.
Ова би можело да создаде и проблеми на планинските превои следната седмица. Температурите следната седмица значително ќе опаднат.
Токму оваа голема промена ќе ја направи длабок циклон од запад, поточно истиот од Атлантикот ќе пристигне над Џеновскиот залив и ќе добива на сила. Сето ова ќе биде проследено и со силен ветер, соопшти синоптичарот Славчо Поповски.
Тој додава дека будно ја следи состојбата со развојот на времето што се однесува на следната седмица и најави понатамошни нови и по потреба обновени анализи на Метеоаларм.
Дума.мк