Поради градежни работи на делницата Блаце – Скопје сообраќајот пренасочен по околни патишта
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 03.11.2022 започнуваат градежни работи на Државниот пат А4,делница Блаце – Скопје. Градежните работи почнуваат со комплетно затворање од 11 + 056 км до 12 + 369 км и пренасочување на сообраќајот по околната сообраќајна мрежа.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.