Православен календар: Денеска е спомен на Свети Анастасиј – Спасо Радовишки

Објавено на 21 август, 2023 во 08:33

Свети Анастасиј Радовишки или свети Спасо Радовишки (Радовиш 1774 – Солун 11 септември 1794) е словенски светител – новомаченик. На дваесет години родителите го испратија во Солун да учи занает. Таму го присилуваа да прими ислам, а откако не се откажа од својата вера, беше жестоко измачуван. Но тој ги поднесе сите страдања и најпосле, одејќи кон за него приготвената бесилка, измачениот Анастасиј падна и ја предаде својата душа на Господа. По неговата маченичка смрт, преподобниот Никодим Агиорит го напиша неговото житие.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.