Православен календар: Денеска се празнува Светиот апостол Симон Зилот

Објавено на 23 мај, 2023 во 09:18

Еден од дванаесетте (големи) апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа. Зилот значи Ревнител.

А Симон е наречен ревнител заради неговата голема и огнена ревност кон Спасителот и кон Неговото Евангелие. Кога Го прими Светиот Дух, Симон отиде да го проповеда Евангелието во Мавританија во Африка. Откако успеа мнозина да ги обрати во верата Христова, беше мачен и најпосле распнат на крст како неговиот Господ, Којшто му приготви венец на слава во бесмртното царство.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.