Пренасочување на сообраќајот кај клучката Градско на автопатот Е-75

СТРАБАГ АГ известува дека поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско сообраќајот на автопатот Е-75 од правец на граничниот премин Табановце кон Богородица ќе биде пренасочен на другата коловозна лента. Пренасочувањето на сообраќајот ќе биде на ден 07.04.2022 и ќе трае од 09:00 до 18:00 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
