Превозот на стока меѓу Македонија и Украина ќе се врши без дозволи

Објавено на 24 август, 2022 во 10:03

Владата на 72. седница ја усвои Информацијата со која се овозможува превозот на стоки во патниот сообраќај со Украина да се врши без дозволи до крајот на годината.

– На седницата беше усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Република Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на Украина и Република Македонија, превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји, информира владината прес-служба.

Според Владата, во време на воена состојба во Украина, ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови, гориво кон крајните потрошувачи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.