Продолжен рокот за аплицирање на конкурсите за финансирање проекти од национален интерес од културата за 2025 година

Објавено на 31 октомври, 2024 во 14:54

Министерството за култура и туризам, го продолжи рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2025 година поради техничките проблеми поточно преоптоварување на системот. Рокот се продолжува до 5 ноември (вторник), до 16:00 часот.

„Потенцираме сите заинтересирани апликанти да обрнат особено внимание и да аплицираат во соодветните пријави и во соодветните дејности, во смисла на избегнување на можноста за евентуално неподдржување на одреден проект или активност поради несоодветно пополнета апликација“, се наведува во соопштението.

Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.