Променливо облачно и студено, утре снег

Објавено на 16 декември, 2021 во 09:41

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени,

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Услови за локални слаби врнежи од снег ќе има утре и во сабота. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од – 6 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.