Променливо облачно, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец
Објавено на 17 ноември, 2021 во 09:23

Променливо облачно, претпладне со појава на слаба магла и ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утре претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, а попладне во западните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.
