Променливо облачно со сончеви периоди

Објавено на 31 јули, 2023 во 09:23

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени, а максималната од 24 до 35.

Од утре до петок, од УХРМ соопштија дека следува период на стабилно време со јужен ветер и пораст на температурата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.