Променливо облачно со врнежи од дожд
Објавено на 3 декември, 2021 во 09:36

Од денес следува период на променливо облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег, освен утре кога ќе настапи преодно стабилизирање. Повремено врнежите ќе бидат пообилни.
Во почетокот на идната седмица поради заладување врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Денес ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
