Променливо облачно време со дожд, утре со грмежи и силен ветер

Објавено на 31 март, 2022 во 09:39

Времето денеска променливо облачно со повремен дожд поинтензивен особено во западните делови. Претежно на југот ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, над 60 км/час.

До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Денес на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час).

Особено нестабилно ќе биде утре кога ќе има појава на локално невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град.

Од недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините во западните делови од снег.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.