Променливо облачно,нестабилно со локален пороен дожд,грмежи и засилен ветер

Објавено на 10 август, 2023 во 08:08

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. Кон крајот на денот атмосферата насекаде ќе се стабилизира. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19 степени Целсиусови, а максималната од 20 до 29 степени Целсиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено претпладне.

Од УХМР, исто така, соопштија дека следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.