Пронајден починат маж, се запалил со цигара и изгорел

Објавено на 24 јануари, 2023 во 11:44
Фото: Kumanovonews.мк

Шеесет и едно годишен маж од село Ругинце, Општина Старо Нагочани, вчера, бил пронајден починат во неговата куќа, пишува веб порталот Kumanovonews.мк.

„По овластување на Јавен обвинител, полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека собата била исчадена, а починатиот  Л.С.(61) бил пронајден изгорен во креветот од пожар кој настанал од неизгасена цигара. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството“, соопшти СВР Куманово.

Починатиот човек го пронашле вчера околу 16 часот и случајот го пријавиле во СВР Куманово.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.