Пронајдени четири гранати во Охридското Езеро

Објавено на 18 февруари, 2022 во 15:23

Четири гранати се пронајдени во Охридското Езеро кај Пештани. Случајот бил пријавен на 15 февруари 2022 година во СВР Охрид.

-Од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри по што се безбедно подигнати за натамошна постапка, соопшти СВР Охрид.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.