Протести низ светот за мир во Украина
Oд Токио до Тел Авив и Њујорк се одржуваат протести за да се осуди руската инвазијата на Украина, додека повеќе од илјада од оние кои се обидоа да го направат истото во Русија беа уапсени.
Најраниот познат протест се одржа пред руската амбасада во Вашингтон во четвртокот околу 6 часот наутро, само три часа откако претседателот Владимир Путин изјави дека ја започнал својата воена операција.
Локалните извештаи покажуваат дека десетици демонстранти во главниот град на САД веат украински знамиња и извикуваат „Стоп за руската агресија!“
Во Лондон, стотици демонстранти, од кои многу Украинци, а некои во солзи, се собраа пред Даунинг стрит, домот на премиерот, барајќи од Британија да стори повеќе.
„Ни треба помош, ни треба некој да не поддржи“, рекол еден.
Во Париз, демонстрант изјави за Ројтерс: „Чувствувам дека сме во многу опасно време за целиот свет“.
Многу демонстранти имаа транспаренти со ликот на Путин, а некои рекоа дека Путин е денешен Хитлер.
Во Мадрид, шпанскиот актер, оскаровецот Хавиер Бардем, номиниран за уште еден Оскар оваа година, му се придружија стотици демонстранти пред руската амбасада.
„Тоа е инвазија. Тоа го нарушува основното право на Украина на територијален суверенитет, меѓународното право и многу други работи“, рече Бардем.
Стотици луѓе со украински знамиња во рацете се собраа во швајцарската престолнина Берн. Тие извикуваа „Мир за Украина“, а слични протести имаше и во Грција.