Радев: Ние ја поддржуваме европската интеграција на Северна Македонија
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, одржа видео конференција со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.
За време на разговорот, како што информираат бугарските медиуми кој бил инициран од претседателот на Европскиот парламент, бил дискутирани мерките за справување со пандемијата на коронавирусот, како и темите на агендата на ЕУ со фокус на политиката на проширување.
Радев истакнал дека Бугарија принципиелно и доследно ги поддржува европските интеграции на Република Северна Македонија.
Претседателот исто така посочил дека Бугарија очекува одржливи и неповратни резултати во процесот на градење на добрососедски односи и во овој поглед најважен е директниот и отворен дијалог меѓу двете најблиски земји на Балканот за да се постигне вистински напредок