Резултатите од Пописот: Македонци има 54,25 отсто, Албанци 29,52

Објавено на 30 март, 2022 во 12:23

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска на прес конференција ги објави официјалните резултати од Пописот. Во своето обраќање тој истакна дека Државниот завод за статистика успеал да спроведе успешен попис.

-Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население. Податоците покажуваат дека од вкупно попишаните лица 54,25 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи, кажа Симовски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.