Санкционирани 59 возачи за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Објавено на 3 август, 2022 во 10:25

Во текот на вчерашниот ден, 2 Август, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 59 возачи.

Од нив, четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта,“ соопштија од МВР.
 .

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.