Сараево најзагаден град во светот, Скопје е на петто место

Објавено на 20 декември, 2023 во 09:24

Сараево е убедливо најзагадениот град во светот вечерва, покажуваат податоците на веб-страницата IQAir. Индексот на загаденост моментално е 360, што значи дека воздухот е опасен по животот.

Концентрацијата на ПМ 2,5 честичките во воздухот моментално е 61,6 пати поголема од упатствата за квалитетот на воздухот поставени од Светската здравствена организација (СЗО).

Меѓу најзагадените градови во светот вечерва, освен Сараево, се Калкута и Делхи (Индија), Дака (Бангладеш) и Лахоре (Пакистан).

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.