Се намалува бројот на позитивни случаи на Ковид-19

Објавено на 1 септември, 2021 во 10:20

Во ковид центрите се третираат околу илјада пациенти. Се намалува бројот на позитивни случаи во дневно ниво и факторот за трансмисија е намален за една единица.

Најоптоварени и понатаму се болниците во Тетово, Гостивар, делумно во Кичево, Струга и Охрид.

Министерот за здравство, Венко Филипче уверува дека здравствениот систем е подготвен и оти има доволно болнички капацитети.

– Обезбедуваме болнички кревети за сите пациенти. Тоа го правиме по системот на ротација. Имено, и тука во Скопје, се отворија дополнителни ковид-центри. Имаме секојдневна консултација со директорите и согласно расположливиот кадар, лекари и медицински сестри, се отвораат овие дополнителни центри, изјави вчера Филипче.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.