Се стресе тлото на Македонија, регистриран земјотрес
Објавено на 28 мај, 2024 во 12:57
Денеска бил почувствуван земјотрес на територијата на Македонија. Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција, земјотресот бил со јачина од 2,4 степени според Рихтер.
Епицентарот на земјотресот бил на 21 километар северозападно од Скопје и 16 километри југоисточно од косовскиот град Витина.
Потресот се случил на длабочина од 8 километри.
Нема информации за причинета материјална штета.