Се укинува задолжителното носење на заштитни маски во Црна Гора

Објавено на 6 април, 2022 во 10:48

Црногорската министерка за здравство, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ, денеска најави дека од задутре носењето заштитни маски во училиштата, маркетите, трговските центри, спортските сали ќе биде само како препорака.

Таа во емисијата „Добро утро Црна Горо“ за в четврток најави нови мерки за заштита од коронавирусот , посочувајќи дека заштитните маски ќе бидат задолжителни во здравствените установи, во објектите за колективно сместување и во јавниот превоз.

Како што истакна, наставата во училиштата ќе трае 30 минути додека не се разгледа целокупната состојба.

„Сè уште треба да бидеме внимателни. Короната неколку пати непријатно не изненади. Состојбата во моментов е поволна и стабилна. Имаме значителен пад на бројот на пациенти на дневна основа, пад на бројот на хоспитализирани“, изјави Боровиќ Бојовиќ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.