Секој ден без тебе е тажен – Тоше, Среќен роденден!

Објавено на 25 јануари, 2022 во 11:18

Денес изминува 41 година од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој освен огромен талент поседуваше и огромно срце и секогаш имаше љубов за сите. Човекот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина.

Тоше ни остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек.

Во Крушево денеска ќе биде одбележан 41 роденден на нашата и балканска музичка ѕвезда. Одбележувањето ќе започне со крводарителска акција во спомен куќата „Тодор Проески” на Гумење, а во 10:30 часот е најавена промоција на книгата на Бојан Тодоровски и музички настап на Никола Зацески со групата „Мелем”. Од 11 часот ќе биде промовирана збирката песни „1 200 молитви за Тоше”, со музички перформанс на Горан Папаз, а напладне ќе бидат доделени хуманитарни ваучери. Од 12:30 часот е планирана посета на вечното почивалиште на Тоше на Гумење.

Од 14 до 16 часот во Спомен-куќата на Тоше ќе се одржи музичко-сценски настан насловен „Ангел си ти” во изведба на камерниот оркестар од Битола со пијано трио од Скопје и со солисти од Македонската опера и балет под диригентство на Владимир Димовски.

И овој 25 јануари ќе биде во знакот на многупати повторуваната реченица: „Тоше има само ден на раѓање”.

Во негова чест, уживајте во неговите најдобри хитови:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.