Шест склуптори учесници на третата склупторска колонија „Велес 2021“
Започнува третата Меѓународна склупторска колонија „Велес 2021“ година со учество на шестмина академски склуптори, годинава, колонијата нема да се одржува со физичко присуство. Тоа значи дека учесниците ќе работат во домашни услови во наредните три недели. Пандемијата, исто така, е причина годинава на колонијата да нема учесници од странство.
Академскиот склуптор Кирил Мукаетов од Кавадарци за прв пат учествува на колонијата. Тој меѓудругите е автор и на склуптурата „Бранителите“ посветена на загинатите бранители во конфликтот во 2001 година и е поставена во жена парк во Скопје.
– Соодветно ќе одговорам на дадениот простор и да создадам добро дело. Инаку во Велес сум служел воен рок што ме поврзува со вашиот град, додаде Мукаетов.
Академскиот склуптор Горан Стаменков од Скопје по трет пат ќе учествува на склупторската колонија во Велес. Тој е автор на склуптурата „Гемиџиите“ поставена на самиот влез во младински парк .
-Оваа година склуптурите ќе бидат изработувани само од рециклирано железо. Првата година имавме од мермер, но поради моменталната ситуација, можностите се други и треба поголема организација околу тоа и затоа склуптурите ќе се изработуваат само од рециклиран метал, додаде Стаменков.
По завршувањето на склупторската изложба, Општина Велес во конслутација со учесниците ќе ги одредат новите шест локации на којшто ќе бидат поставени склуптурите. Од првата колонија создадените склуптури се поставени на шест локации во градот, од кои три во младински парк и по една во парк крај „Офицерски“, стара стоковна куќа и во парк под градски саат. Општината во моментов ги подготвува постаментите за поставување на седум склуптури создадени на минатогодишната колонија чии локации се одредени.
Стефани Манева