Шоле доби македонски дрес од Ковачевски
Објавено на 11 јануари, 2023 во 14:03
Советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, кој денеска ја започна својата официјална посета на земјава, беше пречекан од премиерот Димитар Ковачевски. Премиерот на својот Фејсбук профил објави фотографија на која му подарува македонски дрес на Американецот.
„Нашето силно стратешко партнерство со САД е од голема важност во годината која ни претстои, а која е исполнета со предизвици и кај нас, но и глобално“ напиша Ковачевски.
Како што претходно соопшти Стејт департментот, Шоле ќе разговара со претставници на Владата за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.
Дума.мк