Следната учебна година ќе се доделат 1570 стипендии за ученици во дуално образование

Објавено на 16 јуни, 2025 во 16:11

Преку Министерството за образование и наука за следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование на ученици кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта. Над 550 компании оваа година директно ќе бидат вклучени во практична обука на учениците.

„Воедно, ова  значи дека учениците со завршување на средно стручно училиште, ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите каде посетувале пракса, или пак да продолжат со своето образование на некои од универзитетите во државата. Наш приоритет е да ја зголемиме вработливоста на младите лица и да создадеме квалификуван кадри со вештини и компетенции што се потребни на компаниите, а со тоа ќе овозможиме младите својата иднина да ја градат во сопствената држава, соопштија од Владата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.