Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито. Особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, кои на северозапад ќе бидат пообилни, над 25 литри на квадратен метар, соопштија од УХМР.
Снег ќе има само на највисоките врвови. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до 14 степени.
Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на места ќе бидат обилни и до петок се очекува да наврнат над 50 л/м2.
Во четврток локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. До четврток ќе дува засилен, а повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец што ќе услови топло време за овој период од годината.
Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места.
Дума.мк