Сончево и топло, од утре локални врнежи од дожд

Објавено на 17 мај, 2022 во 09:40

Времето денеска сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните делови и понекаде на северот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Во среда ќе има зголемена облачност и локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и силен северен ветер над 60км/час.

Од утре до петок ќе дува засилен до силен северен ветер и дневните температури ќе бидат пониски за 3 до 6 степени во однос на денешните.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.