Сончево и топло време, максималната температура до 33 степени

Објавено на 27 јуни, 2023 во 09:16

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. УВ-индексот ќе изнесува осум. Минималната температура ќе се движи од 10 до 20, а максималната од 23 до 33 степени Целсиусови.

Утре попладне и кон крајот на денот ќе има дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а од петок температурата повторно ќе биде во пораст.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.