Сончево со мала до умерена облачност, во вечерните часови врнежи од снег

Објавено на 31 јануари, 2022 во 09:25

Времето претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од северозападен, а попладне од југозападен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе започнат врнежи од снег.

Под влијание на влажен бран во вечерните и ноќните часови ќе започнат повремени врнежи од снег, кои ќе продолжат и утре преку денот и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и на југоистокот повремено ќе бидат од дожд. На повеќе места и особено на западот ќе се формира нова снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми.

Услови за појава на снег ќе има и во среда претежно претпладне и на југоистокот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.