Сончево време со мала до умерена облачност, од понеделник врнежи од дожд
Објавено на 11 ноември, 2021 во 09:23

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот умерено облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во текот на утрешниот ден не очекува сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
До недела ќе се задржи стабилно време, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на ноќните часови на места ќе има разведрување и утринските температури ќе се спуштаат под нулата. Во понеделник се очекуваат врнежи од дожд.
