Сообраќајот на државните патишта се одвива, по суви коловози

Објавено на 23 јули, 2021 во 09:59



Ј.П Македонија пат известува дека од денес 23.07.2021 (петок), во наредните три дена, поради изведување градежни работи на пат, (гребење и асфалтирање на коловозот), патниот правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 01.07.2021 започнати се викенд забраните за сообраќај на тешките товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид – Скопје. Повеќе информации околу забраните може да најдете на сајтот подолу, во делот за состојба на патишта.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.